Вести Свет

Европските служби предупредуваат на засилени руски атентати

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Владимир Путин ја засилил кампањата за ликвидација на противници и поддржувачи на Украина низ Европа.

Според западни безбедносни извори, од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, зачестиле обидите за атентати, саботажи и заплашувања на активисти, пребегани руски функционери и европски поддржувачи на Киев.

Меѓу најпознатите случаи е рускиот активист Владимир Осечкин, кој живее под полициска заштита во Франција поради сомнежи дека руски агенти подготвувале негово убиство.

Слични заговори биле откриени и во Литванија, Германија, Полска и Шпанија, каде безбедносните служби спречиле напади врз активисти и украински функционери.

Според истражителите, Москва сè почесто користи криминални групи и посредници наместо директни руски агенти, со цел потешко да се поврзе со операциите.

Европските власти оценуваат дека ваквите акции имаат цел да ги замолчат критичарите на Кремљ, но и да создадат страв и нестабилност во земјите што ја поддржуваат Украина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе