Вести Свет

Осуда од Стармер, Макрон и Мерц за иранските напади врз ОАЕ

Британскиот премиер Кир Стармер ги осуди иранските напади со дронови и ракети врз Обединетите Арапски Емирати.

Стоиме солидарно со ОАЕ и ќе продолжиме да ја поддржуваме одбраната на нашите партнери во Заливот. Оваа ескалација мора да престане. Иран мора да се вклучи во суштински и значајни преговори за да се гарантира продолжување на примирјето на Блискиот Исток и да се постигне долгорочно дипломатско решение, изјави Стармер.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече иранските напади врз ОАЕ „неприфатливи“.

Денешните ирански напади врз цивилната инфраструктура на Емиратите се неоправдани и неприфатливи“, напиша Макрон доцна синоќа на Х, уверувајќи ги ОАЕ во поддршката на Франција.

Додека германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика властите на Иран да се вратат на преговорите.

-Техеран мора да се врати на преговарачката маса и да престане да ги држи регионот и целиот свет како заложници – блокадата на Ормуската Теснина мора да биде прекината.  Техеран не смее да се стекне со нуклеарно оружје. Не смее да има повеќе закани или напади врз нашите партнери“, додаде тој. Најостро ги осудуваме овие напади. Нашата солидарност е со народот на ОАЕ и нашите партнери во регионот“, напиша уште Мерц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Изгор денови, на места и до 39 степени, спарни ноќи – топол бран до средината на наредната недела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе