Вести Култура

Националниот џез оркестар ќе настапи на Денови на македонската култура во Брисел

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ што ќе се одржи во белгиската престолнина, Националниот џез оркестар ќе настапи утре ( 5 мај 2026 год.) во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со програмата, насловена „Македонски сновиденија“.

  • „Македонски сновиденија“ е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез. Вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја
    носи на сцената на културниот центар „BOZAR“, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст, се вели во соопштението од НЏО.

Диригент на концертот е маестро Владимир Николов. Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која што има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика.
Манифестацијата е организирана и поддржана од страна на Министерството за култура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе