Вести Најважни Свет

САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија откако канцеларот Мерц ја критикуваше војната со Иран

Пентагон соопшти дека Соединетите американски држави ќе повлечат околу 5.000 војници од Германија во текот на следната година.

Овој потег следува откако американскиот претседател Доналд Трамп остро го осуди германскиот канцелар, Фридрих Мерц,  поради неговите забелешки за американската војна со Иран.

Доколку САД ги повлечат овие трупи, во Германија сепак ќе останат распоредени дополнителни 30 000 американски војници.

Иако речиси сигурно станува збор за класичен потег кој го носи шефот на американската држава, кога некој ќе му се спротистави или каже нешто со што не се согласува, Пентагон тврди дека одлуката била донесена по темелна анализа на распоредот на силите во Европа.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го минимизираше потегот, нарекувајќи го „предвидлив“, додавајќи дека тоа покажува дека Европа треба да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност. Германија, според него, „е на вистинскиот пат“ во таа насока.

Трамп го најави намалувањето претходно оваа недела откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека САД се „понижени“ од Иран.

За време на посетата на училиште во централна Германија во понеделникот, Мерц ги обвини американските власти дека влегле во војна без јасна стратегија, велејќи дека „целата работа е во најмала рака непромислена“.

„Иранците очигледно се многу вешти во преговори, или поточно, многу вешти во тоа да не преговараат, дозволувајќи им на Американците да патуваат до Исламабад и потоа да заминат без никаков резултат,“ рече Мерц. „Цела една нација е понижена од иранското раководство, особено од таканаречените Револуционерни гардисти. Затоа се надевам дека ова ќе заврши што е можно побрзо.“

Трамп во вторникот изјави дека Мерц „не знае за што зборува“ во врска со Иран, а следниот ден објави дека САД „разгледуваат и анализираат“ можно намалување на војниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе