Спорт Фудбал

Инфантино потврди: Иран ќе игра на СП 2026

Џани Инфантино потврди дека Иран ќе учествува на Светското првенство во 2026 година и дека своите натпревари ќе ги игра во Соединетите Американски Држави, според веќе утврдениот распоред. Првиот човек на ФИФА ова го соопшти синоќа на Конгресот на светската куќа на фудбалот во Ванкувер, со што практично стави крај на дилемите околу настапот на иранската репрезентација на Мундијалот.

Темата беше актуелна поради политичките тензии и проблемите со влезот на дел од иранската делегација во Канада, каде се одржа Конгресот на ФИФА. Според Ројтерс и АП, Иран претходно побарал своите мечеви да ги игра во Мексико, но ФИФА не го прифатила тоа барање, па селекцијата ќе настапува во САД како што е предвидено со распоредот на турнирот.

Инфантино порача дека улогата на фудбалот е да ги обединува луѓето, а не да ги дели, и токму со таа порака ја објасни одлуката Иран без пречки да биде дел од Светското првенство. Иран ќе биде дел од групата Г на Мундијалот, каде ќе се соочи со Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Турнирот ќе се игра од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.

(Фотографијата е генерирана од ВИ)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе