Вести Култура

Правдата во културната мобилност

Визите, економските нееднаквости и долготрајните колонијални, патријархални структури на моќ непропорционално ја ограничуваат мобилноста на уметниците и културните работници. Во поразвиените земји постои систем на поддршка на уметниците во однос на мобилноста кога се работи за државни фондови, но и еден ланец на приватни иницијативи, донори кои ги поддржуваат локалните култури во комуникацијата со други земји, вели Јовановиќ. На кое ниво е свеста кај нас и дали има одредена стратегија?

„Од тоа што го знам е дека Вие може во секое време да аплицирате во Секторот за меѓународна дејност, нормално истото важи и за Националниот конкурс, каде што одредени меѓународни соработки може да ги предложите во таа програмска линија. И сето останато е некакво снаоѓање по спонзорства кои најчесто се поврзани со тоа колку Вие лично познавате одредени фирми или луѓе кои би биле заинтересирани за Вашата работа. Но, нешто што би било како поразвиен систем, надвор од Секторот за меѓународна соработка не постои“, изјави Ѓорѓе Јовановиќ, ликовен уметник и директорна КСЦ „Јадро“.

За нас оваа конференција е исклучително важна, затоа што успеа да обедини на едно место 170 уметници и културни работници од целиот свет кои ќе ги споделат своите прекугранични искуства, вели Јохан Флох.

„Многу уметници сега се во егзил или се на пат, принудени да бидат подалеку од својата родна земја, од својата база. И ние се трудиме да ги решиме овие прашања не само со владите, туку и со ЕУ, со УНЕСКО и други меѓународни тела за да се осигураме дека ги имаат податоците. Дали се информирани за овие уметници и дека можат да дејствуваат заедно? – Дали имаат заштитен механизам дека можат да ги поминат границите кога тоа е им е потребно“, рече Јохан Флох од европската мрежа за мобилност во културата „Во движење“.

Скопје е домаќин на годишната конфернција насловена „Во движење“ во Културниот центар „Јадро“ со фокус на правдата во културната мобилност и како истата се одразува врз уметниците и културните работници во време на економска криза и војни.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе