Вести Македонија Најважни

Притвор за шестмина осомничени за незаконските пластични операции,  за останатите осомничени куќен притвор и мерки за претпазливост

Основниот кривичен суд во Скопје соопшти дека во истрагата за нелегални естетски операции за вкупно 19 осомничени се определени мерки за обезбедување, а 6-мина од нив добиле притвор.

-Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, обвинителството, по сослушување на осомничените, за 2 лица го преиначи предлогот со барање за мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост, соопшти кривичниот суд.

Од останатите 9 предлози за притвор, судот уважил 6 барања, а одби 3 и на тие 3-ца осомничени им определи мерка куќен притвор.

-Збирно од оваа акција во која предложени беа и мерки на претпазливост, судот на 6 лица им определи ефективен притвор, на 4 куќен притвор и определени се мерки на претпазливост на 9 лица, велат од судот.

Според обвинителството, во текот на оваа година седуммина осомничени формирале две криминални групи, кон кои подоцна се приклучиле и останатите. Користеле фирми од Битола и Скопје како параван за незаконските активности, организирано набавувале фалсификувани медицински лекови и медицински помагала.  Набавките биле од Србија, Кореја и Турција и нелегално увезувани, а осомничен е и еден цариник.

Миомир Серафиновиќ

Се зголеми бројот на приведени за нелегалните филери и ботокси

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе