Вести Македонија

Судењето против деветтемина полицајци во случајот со дискотеката „Пулс“ започна со подготвително рочиште

Судењето против деветтемина полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба во случајот со дискотеката „Пулс“ во Кочани започна денеска со подготвително рочиште.

Одбраната ги дополнуваше листите со докази, а дел од адвокатите кажаа дека не добиле потребна документација од МВР за да може да направат вештачења.

Обвинителката кажа дека ќе се произнесе по сите докази на одбраната, кога ќе биде готова листата на докази.

Обвинителството ги товари полицајците дека не провериле дали „Пулс“ ги исполнува условите од сообраќаен аспект, нешто што било неопходно за да добие лиценца за работа од министерството за економија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе