Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, за почитувањето на прописите и за улогата на институциите, вели Даниела Настова Пиштолова, Координатор на Советничка група на СДСМ во советот на Кисела Вода, и додава дека токму затоа, поднеле барање за итно свикување на вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода.
На таа седница бараме да се донесат конкретни одлуки:
– Формирање на независна стручна комисија која ќе изврши целосна проверка на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината;
– Итно воведување мораториум на сите градежни активности сè додека не се утврди дека истите се безбедни и во согласност со законите;
– Обезбедување целосна транспарентност преку јавно објавување на сите документи, дозволи и наоди поврзани со градбите.
Дополнително, бараме итни мерки за заштита на граѓаните:
– Да се изврши проценка и, доколку е потребно, евакуација на сите лица и објекти кои се наоѓаат во потенцијален ризик;
– Да се преземат мерки за санација на последиците и да се обезбеди соодветна помош и поддршка за погодените.
