Вести Македонија

За прв пат обезбеден учебник по „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение

Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение.

Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование („Службен весник на РСМ“, бр. 3 од 3.1.2025 година), со кои се интервенираше во членовите 10 и 15. Со овие измени се создадоа услови за проширување на наставните материјали и за повисоките одделенија.

  • Во минатото, учениците од ромската заедница имаа на располагање учебници по овој предмет само од 3-то до 5-то одделение, што претставуваше ограничување во континуитетот на изучување на сопствениот јазик и култура. Со новиот учебник за 6-то одделение чиј автор е Даниел Петровски, за прв пат се обезбедува надградба на наставниот процес. Информираме и дека во тек е постапка за изработка на учебник за 7-мо одделение, објави МОН.

Паралелно со ова, МОН донесе и нов подзаконски акт, Правилник за начинот на формирање групи помали од 15 ученици од исто одделение, со цел да се овозможи изучување на јазикот и културата на заедниците и во случаи кога бројот на ученици е помал. Правилникот е донесен врз основа на член 53 став (9) од Законот за основното образование.

Според податоците, изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ во моментов го изучуваат над 2.300 ученици Роми, распределени во 13 основни училишта во 7 општини низ државата.

Министерството за образование и наука го честита 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите и изразува уверување дека интензивно ќе продолжат да се имплементираат политиките за унапредување на образовната еднаквост, зачувување на културниот идентитет и зголемување на пристапот до квалитетно образование за учениците од ромската заедница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе