Вести Македонија Спорт

Четири каратисти на „Макпетрол“ меѓу најдобрите спортисти на Град Скопје за 2025

Карате клубот „Макпетрол“ има четири свои претставници во изборот за најдобри спортисти за 2025 година, што традиционално го организира Град Скопје.

Во женска конкуренција, во категоријата сениорки, се најдоа Ангела Мојсовска и Викторија Јовановска. Меѓу најдобрите јуниорки беше вброена Јована Мицовска. Стефан Стојановиќ, пак, во машка конкуренција, исто така, влезе меѓу најдоброрангираните јуниори за минатата спортска сезона.

Во свечена атмосфера, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, им оддаде признание на најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи на градот за 2025 година, нагласувајќи дека нивните успеси се гордост за Скопје и силна мотивација за младите генерации.

Карате клуб „Макпетрол“ истакнува дека овие признанија се потврда за континуираната работа, дисциплина и резултатите што екипата ги остварува во повеќе возрасни категории, како и за системскиот пристап во развојот на врвни спортисти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Sasko Dimovski

Починаа седум лица со попреченост поради скратените часови за лична асистенција, велат од Коалицијата „Менуваме“

Sasko Dimovski

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе