Ракомет Спорт

ЕХФ Куп: Охрид го елиминира Олимпијакос – во полуфиналето ќе игра со Целје

Ракометарите на Охрид се пласираа во полуфиналето на ЕХФ Купот, откако денеска пред полните трибини во салата „Билјанини Извори“ го совладаа Олимпијакос со 25-24. Охриѓани со вкупни две победи го потврдија местото меѓу четирите најдобри, по триумфот од 26-31 на првиот натпревар на гостински терен. Сега следува двомеч со словенечкиот тим Целје.

Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ го контролираа текот на натпреварот во најголем дел од 60-те минути. Во првото полувреме имаа и највисока предност од четири голови (14-10), но гостите од Грција успеаја да намалат и на пауза да заминат со подносливи 14-12.

Во вториот дел следуваше поголема неизвесност. Охрид најчесто ја одржуваше предноста, но Олимпијакос постојано беше во чекор. Драмата кулминираше во самиот финиш, кога гостите со два брзи гола поведоа со 22-23, а потоа и со 23-24. Сепак, во клучните моменти, Ѓукиќ беше прецизен од седум метри, а Прибетиќ го комплетираше пресвртот за голема победа и пласман во полуфиналето.

Анте Иванковиќ со осум голови беше најефикасен кај Охрид, Томислав Јагуриновски додаде четири, додека голманот Кристијан Пилиповиќ блесна со 12 одбрани. Кај Олимпијакос, Савас постигна пет голови.

Во полуфиналето од третото по ранг европско клупско натпреварување, Охрид ќе игра против Целје, кое го елиминираше романски Бузау.

Првиот натпревар Охрид ќе го игра на гостински терен на 25 април, додека реваншот е закажан за 3 мај во „Билјанини Извори“.

Фото: Фејсбук/ГРК Охрид

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе