Полицијата поднесе кривична пријава против 53 годишна струмичанка за „лихварство“.
Таа во период од две години позајмувала пари на лица од Струмица, за што наплатувала големи камати. Кога еден од нив повеќе не можел да ја плаќа каматата, почнала да му се заканува нему и на неговото семејство.
Од полицијата соопштија дека „пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица и во период од 2023 до 2025 година им давала пари на заем, а за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист“.
Случајот во полиција го пријавило лице „кое неколкупати позајмувало пари од струмичанката но откако не можел да ја плати каматата, пријавената почнала да му упатува закани по неговиот живот и животот на неговото потесно семејство“.
Оштетениот се сретнал со пријавената на 26 февруари, по што полицијата кај неа пронашла претходно одбележана банкнота од 100 евра.
