Советот на јавни обвинители одлучи дека премиерот не ја нарушил самостојноста на обвинителката Ленче Ристоска затоа што не ја споменал со име и презиме кога кажал медиокритет за поранешна обвинител од СЈО.
Според тричлената комисија која го разгледувала случајот термините медиокритет со клиентелистичка политичка матрица може да се ценат како вредносни или критички но не претставуваат повреда на професионалниот интегритет на обвинитЕЛОТ.
„Во предметните изјави премиерот не наведе ниту идентификува на било кој начин конкретен јавен обивнител ниту овие изјави биле поврзани со конкретни предмети или донесување конкретна јавно обивнителска одлука . Поради што отсуството на индивидувлаизација на обвинителот подносител на извествувањето за наводна повреда ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание врз самостојноста на јавниот обивнител“ рече Марјана Илиевска, член на Совет на јавните обвинители.
Во конкретниот случај премиерот не бил консултиран да даде свој став но заклучокот на Советот е на иста линија со позицијата на премиерот. Тој исто така сметаше дека не ја споменал Ристоска туку дека таа самата се препознала.
Ристоска побара и јавно извинување од премиерот Мицкоски за изречените навреди, но не доби.. Таа ги води случаите „Талир 1” и „Талир 2” за незаконско финансирање и за партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со измените на Кривичниот законик кои ги предложија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Ристоска сметаше дека содржат и полоши решенија од спорните измени од септември во 2023 година и дека не се во насока на борбата со корупција.
