Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија.
Мицкоски ќе се сретне со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а потоа ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија” на кој ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.
Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Даниела Димовска.
Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.
