Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека универзитетите на САД и на Израел во регионот на Блискиот Исток ќе бидат легитимни мети. Најавија дека ќе гаѓаат два во знак на одмазда за американско-израелските напади врз иранските универзитети.
Во соопштението на ИРГЦ „се советува на сите вработени професори и студенти на американските универзитети во регионот, како и на жителите на околните подрачја, да останат најмалку еден километар оддалечени од споменатите универзитети за да ги заштитат сопствените животи“, пренесува агенцијата Тасним.
Американската администрација е повикана до утре (30 март) напладне по иранско време да даде официјална изјава со осуда на бомбардирањето на универзитетите, доколку сака да спречи нејзините универзитети во регионот да не бидат цели во оваа фаза.
