Обвинителството отвори истрага и за 55-годишникот, кој во скопската населба Кисела вода, со пиштол се обиде да ја убие сопругата, додека во нивниот дом биле присутни и двете ќерки.
Скопјанецот два пати ја нападнал сопругата. Најпрвин на први март кога пукал кон неа, и куршумот завршил во прозорецот.
Потоа се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во мајка им.
По нападот ќерките и мајката го напуштиле домот.
Неколку дена подоцна, во четвртокот, повторно и се заканувал со пиштол на 48-годишната сопруга пред ќерките, со намера да ги вознемири и да ги заплаши.
Осомничениот потоа е уапсен и се гони за обид за убиство и загрозување на сигурноста.
Б.С.
