Вести Македонија Топ вести

Обвинителството ги проверува социјалните работници по смртта на мајка и ќерка во Тафталиџе

Обвинителството ќе го проверува Центарот за социјални работи Скопје во врска со случајот со смртта на Ивана и нејзината ќерка во општина Карпош по падот од балкон. Предметот е отворен по допрен глас  по информациите во медиумите за утврдени неправилности при инспекциски надзор на социјалните работници. Најмалку три физички напади имал Стојанче Јовановски врз неговата сопруга со кои е запознаена јавноста и кои се случиле откако центарот е известен за барањето за развод. Во декември за кој центарот Скопје добил допис од МВР и за кој имало и сведоци, потоа во јануари кога Ивана била хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хриругија и третиот на трагичниот ден за кој има и видео запис.

„Во објавата на извештајот за извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи Скопје ресорното министерство информираше дека се утврдени недостатоци и неправилности во постапувањето во случајот. По ваквата информација секако дека јавното обвинителство има должност и ќе испита меѓудругото дали во ваквите неправилности има кривично дело“, рече в.д. државната јавна обвинителка.

И повторно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не ја кажа точната бројка колку пријави до полицијата имала Ивана за физички напади врз неа, туку само дека биле повеќе. Повтори дека побарала помош од полицијата, а потоа ја повлекувала изјавата и најверојатно била под притисок од насилникот и затоа според министерот мора да се најде поефикасен одговор од сите надлежни институции. Ќе се проверува дали имало пропусти кај полицајците кои биле повикани на Клиниката за дигестивна хирургија кога Ивана била пронајдена во бесознание и со траги на физичко насилство.

„Запознаени сме за конкретниот настан. Детално ќе биде проверен од страна на одделот за внатрешна контрола и ќе ја известиме јавноста за она што сме го превземале“, рече министерот.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе врши проверки и ги прибира сите релеванти информации и докази за тоа како полицијата постапувала по пријавите. На Јовановски му беше продолжен притворот и се товари за наведување за сторување на самоубиство, нанесување на телесни повреди поврзани со семејно насилство и загрозвување на сигурноста.

Марија Митевска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе