Вести Македонија Топ вести

Клиника за Психијатрија: Во последните три месеци повеќе од 40 проценти од граѓаните имале проблеми со сонот

Повеќе од 40 проценти од граѓаните во земјава имале проблеми со спиењето во последните три месеци, покажува анкета на Универзитетската Клиника за Психијатрија.

Речиси 70 проценти од испитаниците признале дека користат телефон или друг екран непосредно пред спиење, што според експертите го нарушува квалитетот на сонот.

Повеќето граѓани спијат меѓу пет и седум часа, а само околу една четвртина спијат препорачаните седум до девет часа.

Од клиниката потсетуваат дека добриот сон е клучен за концентрацијата, расположението и здравјето, па по повод европскиот месец на спиењето пораката е – „спиј добро, живеј подобро“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе