На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците, а уште една се анализира, потврди министерот за здравство Азир Алиу.
Додава дека до сега 23 компании се процесуирани, од кои на три сигурно ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира.
Минатиот месец беа одземени лиценци на шест фирми, меѓу кои и на скопската „Алфа фарм“ од каде беа запленети речиси 9 тони медицинска марихуана.
Кај фирмите на кои им е одземена лиценцата беа констатирани низа неправилности од кусок сув цвет до немање видео-надзор и физичко обезбедување.
Проверката на сите фирми кои одгледуваат марихуана се случува по заплената на пет тони марихуана во Србија, за која српските власти тврдат дека потекнува од Македонија.
