Вести Свет Топ вести

Над 49.000 доцнења за три дена: Ескалацијата на Блискиот Исток го наруши глобалниот авиосообраќај

Глобалниот авиосообраќај бележи сериозни нарушувања три дена по ред, со вкупно 49.154 доцнења и 8.080 откажани летови ширум светот, според објавените дневни статистики на „Flight Aware“.

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, по нападот на САД и Израел врз Иран, кој започна во текот на саботата, доведе до затворање и ограничување на дел од воздушниот простор во регионот, што предизвика синџирни доцнења и пренасочувања на летови на глобално ниво.

Во сабота имало вкупно 21.071 доцнења на летови на светско ниво, а се откажале 2758 летови. Вчера имало  19.415 доцнења со 3.229 откажувања на летови, додека денеска доцнат 8.668 летови со 2.093 откажувања.

Најголем број доцнења се регистрирани во саботата – денот кога започнаа нападите и кога дел од авиокомпаниите итно ги пренасочуваа или суспендираа летовите кон Блискиот Исток. Во неделата бројот на доцнења благо опадна, но бројот на откажувања порасна, што укажува на подолгорочно оперативно прилагодување на авиокомпаниите.

Денес се забележува значително намалување на доцнењата, но бројот на откажани летови и натаму останува висок, што укажува дека дел од рутите сè уште не функционираат нормално.

Експертите посочуваат дека секое затворање на клучни воздушни коридори меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток предизвикува домино-ефект во глобалната мрежа на летови, со пренатрупување на алтернативни рути и ограничувања во контролата на летање.

Патниците се советуваат внимателно да го следат статусот на летовите и официјалните известувања од авиокомпаниите.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе