Вести Свет

Иран најави употреба на „досега невидено оружје“

Неиспровоцирани и незаконски, вака Техеран ги оценува денешните напади на САД и Израел по што возврати со ракетни удари кон арапските сојузници на Вашингтон каде што има американски воени бази.

Командантот, Ебрахим Џабари, најави дека наскоро ќе биде употребено „досега невидено вооружување“, пренесуваат иранските државни медиуми.

Според повеќе извори, во израелските напади биле убиени иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и главниот командант на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур.

Првиот бран удари од операцијата што Пентагон ја нарекол „Епски гнев“ бил насочен кон високи функционери, додека вториот бил фокусиран на ракетни лансери.

Нападите уследија два дена откако индиректните преговори со посредство на Оман во Женева не донеле напредок околу иранската нуклеарна програма.

Иранските државни медиуми јавуваат дека 40 лица загинале во воздушен напад врз основно училиште за девојчиња на југот на земјата, додека израелската армија сè уште не ги коментира овие наводи.

Ситуацијата останува исклучително тензична, со најави за понатамошна ескалација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте бројот на загинати во Венецуела, повеќе од 50 000 луѓе се пријавени за исчезнати

Дејан Дејан

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе