Вести Македонија Топ вести

Иницијатива за ревидирање на обвинението за „Пулс“

Јавното обвинителство да го ревидира обвинението за пожарот во кочанската дискотека Пулс и да ја запре постапката за дел од обвинетите, бара одбраната по раздвојувањето на постапката за полициските службеници.

Адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов потврдија за Телма дека поднеле барање да се повлече обвинението против оние кои немале директни дејствија или овластување во време на настанатиот пожар, а се гонат за тешко дела против општата сигурност за кои се бара директна причинско-последична врска помеѓу непостапувањето по прописите и настанатата последица, смрт на едно или повеќе лица.

Одбраната смета дема Јавното обвинителство доколку сака ефикасна судска постапка треба веднаш да го преиспита обвинението и да ги отклони сите недостатоци и недоречености а јавниот обвинител има законска обврска тоа да го направи.

По однос на вашето прашање како дополнително избран бранител на поранешниот министер Ваљон Сараќни во период 2012-2014 година, на 01.02.2026 година согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство поднесов барање за преиспитување, контрола и надзор над законитоста на поднесеното обвинение до републичкото Јавно обвинителство и до Вишото јавно обвинителство Штип.

Повод за вака поднесеното барање е ставот на ОЈО за ГОКК по однос на полициските службеници и границата на одговорноста бидејќи за кривично дело тешки дела против општата сигурност се бара директна причинско-последична врска помеѓу непостапувањето по прописите и настанатата последица, смрт на едно или повеќе лица.

Јавното обвинителство доколку сака ефикасна судска постапка треба веднаш да го преиспита обвинението и да ги отклони сите недостатоци и недоречености а јавниот обвинител има законска обврска ова да го направи, изјави Туфегџиќ.

“Барањето е согласно на член 19 од законот на ЈО за единствена примена на законите со што ќе се ревидира поднесениот обвинителен акт од 13.20205, но и повлекување на обвинението во однос на обвинети лица кои немале директни дејствија или овластување во време на настанатиот пожар како тоа неспорно се чини со поднесениот обвинителен акт од ОЈО ГОКК за кривично дело тешки дела против безбедноста во однос на лица со директни овастувања при настанувањето на самиот пожар како  службени или одговорни лица”, наведува Милованов кој е адвокат на екс министерот за економија Крешник Бектеши, службеникот Зоран Николовски, како и на екс директорот на ДЗС, Бексим Максути.

За пожарот во Кочани се обвинети 35 физички и 3 правни лица.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе