Вести Свет

Едно лице загина откако брод кој превезувал мигранти се превртел во реката Уна во западна Хрватска

Брод што превезувал мигранти се превртел на реката Уна во западна Хрватска рано утрово, при што загинало најмалку едно лице, соопштија официјални лица.

Несреќата се случила во близина на градот Костајница во Хрватска на границата со Босна. Мигрантите очигледно се обидувале да ја преминат реката на студено време кога нивниот чамец се превртел, изјавија спасувачите за државната телевизија „ХРТ“.

Полицијата соопшти дека маж од Босна, кој бил спасен, е осомничен за шверц на луѓе.

„Според последните информации, пронајдени се двајца странски државјани, од кои едниот е кинески државјанин. Исто така, пронајдено е и едно безживотно тело на непознато машко лице. Државјанин на Босна и Херцеговина, кој е поврзан со шверц на странски државјани, исто така е пронајден и е под полициски надзор. Утврдено е дека бродот во кој имало неколку лица се превртел. Полициски службеници и членови на хрватската планинска служба за спасување, со помош на пловила и беспилотни летала, интензивно бараат исчезнати лица, а во тек е понатамошна кривична истрага“, изјави Иван Чиплиќ, портпарол на хрватската полиција.

Според медиуми се верува дека на бродот се наоѓале седум до осум кинески државјани, сепак полицијата не ја прецизираше нивната националност.

Луѓето што бегаат од насилство или сиромаштија во Азија, Блискиот Исток или Африка честопати се соочуваат со опасности додека се обидуваат да стигнат до Западна Европа со помош на шверцери  кои ги водат нелегално преку границите. Мигрантите влегуваат во Хрватска, земја-членка на Европската Унија, или од Босна или од Србија. Земјите се наоѓаат на таканаречената балканска копнена рута за мигрантите што водат од Турција или Грција и низ Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Изгор денови, на места и до 39 степени, спарни ноќи – топол бран до средината на наредната недела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе