Вести Најважни Свет

Трамп: Не планираме да враќаме пари на компаниите поради царините

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не планираат да враќаат пари на компаниите поради царините што беа воведени за низа странски држави, а кои Врховниот суд ги поништи во петокот.

„Претпоставувам дека тоа ќе мора да го судат во наредните две години. Знали, тие ќе напишат ваква ужасна, погрешна одлука, целосно погрешна. Речиси како да не ја напишале паметни луѓе. На крај ќе бидеме на суд во наредните пет години“, рече Трамп.

Се очекува поврат на парите, бидејќи американските увозници кои плаќаа царини во 2025 година, додека новата царинска политика беше на сила, веројатно ќе бараат средства од американската Агенција за царина и гранична заштита.

Соединетите Американски Држави можеби ќе бидат принудени да вратат милијарди долари на увозниците кои платија царини на ИЕЕПА.

Пресудата на Врховниот суд за поништување на царините беше донесена со шест гласа „за“ и три „против“. Одлуката беше образложена дека Трамп ги пречекорил овластувањата, кога го користел законот од 1977 година за федерална вонредна ситуација за воведување на реципрочни царини ширум светот.

Без да понуди докази, Трамп истакна дека странски интереси влијаеле на одлуката на Врховниот суд за укинување на царините кои ги воведе минатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе