Вести Македонија Најважни

Грозоморни сведоштва за серискиот убиец од Кумановско – се истражуваат пет случаи и можно сексуално насилство

Росанка Трајковска живее со нејзиниот син Јовица во селото Челопек. Сега е поспокојна, бидејќи сериски убиец од кој успеала да куртули 86-годишната жена е во притвор. Сепак, сè уште е вознемирена, а модринките на нејзините раце сведочат за борбата за живот, иако две недели се поминати откако убиецот влегол во нејзиниот дом.

Само среќа ја спасила Росанка од сигурна смрт, вели нејзиниот син кој раскажува дека на 9 февруари кога се случил настанот, бил на работа. Насилникот се исплашил од ненадеен тропот, па побегнал и ја оставил старицата во крв.

Истражителите тврдат дека го откриле напаѓачот на Росанка, по смртта на друга повозрасна жена од селото Старо Нагоричене.

Жртвата живеела во куќата која се наоѓа на патот кој минува низ селото. На 12 овој месец била пронајдена 78-годишната Мира С.. Била тепана и задушена со перница. Живеела сама, пензионерка од Австрија, а првично има и сомнежи дека била и ограбена. По ова полицијата уапси 25-годишник од соседното село Драгоманце, но после неговиот распит се посомнева дека тој е сторител на повеќе убиства.

Според информации на Телма од истрагата, засега се преиспитуваат пет случаи, три од оваа година и два од лани. Сите жртви биле најдени сами дома мртви, но полуголи, ама никогаш не била барана обдукција за нив, бидејќи не се утврдиле траги на насилство. Истите извори за Телма тврдат дека можно е да има и повеќе жртви и пред овој период кој сега се истражува.

Единствено од сите случаи помлада е жената за која сега обвинителството побара ексхумација и обдукција, а била пронајдена мртва во јануари во Нагоричеане. Ја закопале откако претпоставиле дека се предозирала со алкохол, раскажуваат жителите на Нагоричане. Но, уште тогаш им била сомнителна таквата смрт на 37-годишната жена.

Старо Нагоричане, Челопек, Драгоманце и Клечовце се селата кои ги поврзува серискиот убиец, а сите се на мала оддалеченост. Жителите го знаат како сторител на поситни кражби, кој постојано е на велосипед и шета насекаде. Во меѓувреме, ниту од обвинителството, ниту од полицијата не сакаат да откриваат официјани детали од истрагата и до каде таа може да води. Единствено од обвинителството за Телма велат ќе се истражува дали има направено пропусти при затворањето на случаите со мртви жени.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе