Вести Македонија

Водата во Струга и натаму е забранета за пиење

Водата во Струга и натаму е забранета за пиење, соопшти Центарот за јавно здравје по денешните најнови анализи. Заматеноста е намалена, но се уште е над дозволените 1,5 единици. Веќе се испратени примероци во  Институтот з ајавно здравје  за пошироки анализи, за да се утврди дали во водата има и други недозволени супстанци. Сепак, по оваа хаварија целиот систем ќе мора темелно да се прочисти.

„Потребно е промивање на цевките со хиперхлорирање,  затоа што честичките се залепени на цевките. Матноста е намалена и сега е 1,88, потоа 1,76, а изворот Шум се  уште има висока вредност од 3,44 единици. Забраната за користење се уште важи“, вели д-р Лидија Симоноска од Центарот за јавно здравје Охрид. 

Еколошкиот инцидент кај изворот Шум се случи пред две недели. Наместо вода, од чешмите на стружани се појави кал, а градоначалникот ангажираше експерти кои визуелно констатираа дека состојбата е катастрофална и дека најверојатно  доаѓа од градежни активности на две компании во близина на изворите. Но, и покрај сериозноста, проблемот не излезе од локални рамки. Законски, ниту Министерството, ниту Државниот инспекторат за животна средина велат дека не можат да постапуваат затоа што немаат ингеренции.

„Во Струга надлежна е општината. Ние сме во постојана комуникација со општинските власти и градоначалникот Ќура. Информациите што ги имаме од нив велат дека се преземени  сите мерки и брзо ќе се санира целата ситуација, а истовремено ќе се бара одговорност зошто дојде до оваа ситуација“, вели Мухамед Хоџа, министер за животна средина.

Телма контактираше со една од двете фирми на кои општинскиот инспектор за животна средина им изрече забрана за секакви активности во близина на изворот. Сопственикот на градежната компанија тврди дека не ископувале минерални  суровини, туку ја рамнеле парцелата во нивна сопственост со намера да засадат и одгледуваат лешници.

Сега кај Шум нема активности. Градоначалникот Менди Ќура вчера побара кривична одговорност и за компаниите кои десет години наназад копале без критериуми, но и за надлежните институции, затоа што е предизвикана ненадоместлива штета која тешко ќе се санира. Обвинителството  веќе оформи предмет и го истражува случајот.

Eмилија Мисирлиевски

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе