Вести Македонија

Поранешниот кумановски кандидат за градоначалник со акција „Да ги подберемо сви по Ред“

Повик за фотографирање неправилности во кумановското централно подрачје како дел од акцијата „Да ги подберемо сви по Ред“. Иницијативата се спроведува од поранешниот кандидат за градоначалник на Куманово, Горан Стојковски – Диро, кој беше во трка со актуелниот градоначалник Максим Димитриевски.

Стојковски информира дека акцијата продолжува со зголемена поддршка од граѓаните и дека досега се заокружени и евидентирани повеќе проблематични локации во градското јадро. Според него, целта е да се испрати јасна порака дека редот, безбедноста и уреденоста во градот не се избор, туку обврска.

Од иницијативата ги повикуваат граѓаните масовно да се вклучат преку фотографирање, пријавување и споделување на неправилностите што ги забележуваат во центарот на градот. Собраните материјали, како што посочуваат, ќе бидат искористени како аргумент во понатамошните активности и како притисок за конкретни и трајни решенија.

Воедно, од тимот на Стојковски упатија извинување до граѓаните чии фотографии не се објавени на нивните канали, појаснувајќи дека поради големиот број пристигнати материјали не е можно сите да бидат јавно споделени, но секоја пријава е евидентирана во база на податоци.

Засега нема официјална реакција од кабинетот на актуелниот градоначалник во врска со оваа иницијатива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе