Администрацијата на претседател на САД, Доналд Трамп, се закани со одмазда за европските земји, доколку Европската Унија во своите планови за повторно вооружување на континентот ги фаворизира домашните производители на оружје на сметка на американските.
Пентагон остро се противи на секој обид на ЕУ за ограничување на пристапот на американските производители на оружје на европскиот пазар, предупредувајќи дека таквиот потег ќе предизвика реципрочен одговор. Досега необјавените забелешки биле изнесени во јануари во јавната расправа на Европската комисија за новите правила за набавка на оружје во ЕУ.
„САД силно се противат на било какви промени на Директивата кои би ја ограничиле способноста на американската индустрија да поддржи или учествува во националните одбранбени набавки на државите членки на ЕУ“, порача американската администрација во пресрет на планираното ажурирање на европските закони за одбранбени набавки.
Од Вашингтон се додава дека „протекционистичките политики кои ги истиснуваат американските компании од пазарот е погрешен пат, особено што најголемите европски одбранбени компании и натаму остваруваат големи бенефиции од слободниот пристап до американскиот пазар.
Речиси две третини од увезеното вооружување во Европа доаѓа од САД. Најзастените системи вклучуваат борбени авиони Ф-35, артилериски системи ХИМАРС о системи за противвоздушна одрбана Патриот.
