Вести Најважни Свет

Уапсен поранешниот британски принц Ендрју

Уапсен е поранешниот принц Ендрју, брат на кралот Чарлс Трети, под сомнение за злоупотреба на службената должност, објавија британските медиуми.

Полицијата додаде дека уапсениот, чие целосно име е Ендрју Маунтбатен-Виндзор, е во притвор и оти се спроведуваат истраги на адреси во грофовијата Беркшир и Норфолк. Апсењето доаѓа по објавата на полицијата дека разгледува тужба за наводно делење на доверливи материјали на поранешниот принц со покојниот повеќекратен сексуален престапник, Џефри Епстин.

Ендрју, кој денеска полни 66 години, одлучно ги негираше обвинувањата за недолично однесување.

Полицијата не го откри идентитетот, само соопшти дека е уапсен маж на 60-ти години од Норфолк поради сомнеж за злоупотреба на јавна функција. Меѓутоа британските медиуми објавија дека станува збор за поранешниот принц Ендрју.

„Мажот моментно е во полициски притвор. Нема да го именуваме уапсениот, во рамки на националните насоки. Имајте во предвид дека случајот е активен, па треба да бидете внимателни со било какви објави за да избегнете непочитување на судот“, се наведува во соопштението на британската полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе