Владините летови, минималната плата, лекувањето на ретките болести, правосудниот испит и новиот закон за високо образование се најдоа и во опозициските пратенички прашања на денешната собраниска седница.
Од СДСМ обвинија дека законот се носи на нетранспарентен начин и без слух за укажувањата на универзитетската фела. Побараа министерката за образование да го повлече законот, но таа одби. Тврди дека во неговата изработка учествувале 60-тина професори, а деновиве ќе има јавни расправи на сите државни универзитети, додека вчера имала состанок и со претставници од приватните.
