Денеска конечно Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се најде на дневен ред на Собранието. Овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците, за 600 евра минимална плата, велат од опозицијата.
- Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се приморани да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства, рече Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ.
Сега, откако премиерот Мицкоски јавно се откажа од намерата за купување нов владин авион, еве шанса тие пари, милиони евра да се пренасочат за обезбедување на 600 евра минимална плата за работниците.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
