Од утрово се воведени забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на кракот Маврово – Дебар, поради врнежи од снег.
На патот Тетово – Попова Шапка забраната важи за автобуси, додека останатите возила мора да користат зимска опрема.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови со претежно влажни коловози и мали остатоци од кашест снег на повисоките места во западните делови.
На планинските превои Попова Шапка, Стража и Буково се бележат врнежи од снег и дожд..
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот, со оглед на можноста за поситни одрони на одредени усеци и клисури.
