Вести Македонија

Три пријави за физички напади врз партнерки во Скопје за 24 часа

Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани изминатото деноноќие на скопската територија.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска во 4:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 35-годишна жена пријавила дека околу 1:40 часот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С., 24-годишен скопјанец.

„Синоќа во 22 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР – Скопје го лишија од слобода Н.Ј., 52-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17 часот во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка“’, соопштија од МВР.

Претходно пак, во 17:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР – Скопје извршиле службен разговор со П.Л., 45-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна вонбрачна партнерка.

По целосно документирање на случаите, како што додаваат од МВР, ќе следуваат соодветни пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе