Вести Свет

Мерц од безбедносната конференција во Минхен: Партнерство со САД да, хегемонија не, Европа се врати од годишен одмор

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска се заложи за посилна и безбедносно посамостојна Европа и ги повика САД за заеднички да ги поправат нарушените трансатлантски односи во првата година од вториот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа.

Отворајќи ја безбедносната конференција во Минхен, Мерц нагласи оти поделби постојат и дека „борбата на МАГА (Make America Great Again) не е наша броба и дека не веруваме во протекционизам и царини, туку во слободна трговија“. Нагласи дека и двете страни од Атлантикот требаат да знаат дека „заедно сме посилни“.

„Дури и САД во ера на големите сили ги дистигнуваат границите на сопствена моќ ако продолѓат сами. НАТО не е само наша, туку драги американски пријатели, и ваша компаративна предност“, порача Мерц пред присутните челниците, меѓу кои и американски претставници.

Германскиот канцелар смета дека, и покрај потешкотиите, партнерството со САД мора да продолжи.

„Партнерство да, хегемонија не“, истакна Мерц.

Според него, „Европа се вратила од годишен одмор“ и сфатила дека мора да зајакне, ако сака да биде актер во ера на големите сили – САД, Кина и Русија.

„Наша прва задача како Европјани и како Германци е да ја прифатиме таа нова реалност. Европа мора да ја освети состојбата на итност и да стане актер на светската политика со сопствена безбедносна политика. Тоа бара жртви, не еден ден во иднина, туку денес“, нагласи Мерц.

Истакна дека Германија, која се „воздржувала од дрѓавна моќ“ по Втората светска војна, сега забрзано се вооружува и вложува во технологија.

„Сакаме што поскоро да гонаправиме Бундесверот најсилона војска во Европа“, додаде меѓудругото Мерц.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе