Вести Македонија

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Општина Чашка за злоупотреба на службена положба и овластување

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Додека бил градоначалник, постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 вработени во Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Г. С. (47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година Г. С. во својство на градоначалник на општина Чашка постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 лица вработени во Општина Чашка во повеќе наврати од буџетската сметка на Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник. А на едно лице – спротивно на Законот за работните односи, овозможил да му се исплати бонус плата иако не биле исполнети условите“, посочуваат од МВР.

На тој начин, како што наведуваат од МВР, пријавениот им овозможил на 11-те вработени да стекнат имотна корист и предизвикал штета на буџетот на Општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денара. Исто така, како што нагласуваат, за место што според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место, иако таа позиција веќе била пополнета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе