Вести Македонија

Мицкоски и Филков го потсетија Касами кој е премиер

Остри пораки од премиерот и министерот за правда кон нивниот коалиционен партнер, Билал Касами. И двајцата го потсетија кој е премиер во државата, откако излезе со ставови дека ќе бара Фатмир Лимани веќе да не биде министер од нивните редови, а дека е можно и Филков да биде опфатен со најавената владина реконструкција.

„Јас сум задоволен со работењето на господинот Фатмир Лимани и мислам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Јас сум мандатар на владата и јас ја составувам. Ако некој тоа го заборавил, еве да го потсетам“, изјави премиерот Мицкоски. 

„Кога ќе биде Биљал Касами премиер тогаш веројатно тој ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не. А, дотогаш владеењето на правото, односно почитувањето на Уставот и законите ќе важат за сите“, изјави министерот за правда, Игор Филков. 

Препукувањата меѓу министерот за правда и коалиционите партнери од Вреди, поточно со вицепремиерот Беким Сали, почнаа откако студентите Албанци на правните факултети поднесоа петиција за полагање на правосуден испит на албански јазик, а Филков им одговори дека тоа е противуставно.

Касами деновиве изрази и незадоволство од учеството на неговата партија  во рамки на коалицијата и во владата, што отвори дилема и дали е можен нов политички пресврт или само се обидуваат подобро да се позиционираат во пресрет на најавената реконструкција?

Тој денеска не сакаше да даде изјава. Идните чекори ќе се разгледуваат на вечерашната седница на  Централното собрание на партијата, каде ќе се разговара и за кадровски прашања.

Во меѓувреме во јавноста почнаа и нагаѓања околу тоа, кои министри би можеле да бидат сменети. На шпекулативната листа веќе се најдоа министерот за култура, Зоран Љутков,министерот за спорт, Борко Ристовски, министерот за Замјоделство, Цветан Трипуновски иминистерката за енергетика, Сања Божиновска, а упорно се зборува и за рокада со ЗНАМ за Правда, која би ја предводел Панче Тошковски. Реконструкцијата, според најавите би требало да се случи во мај или јуни.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе