Претреси на повеќе локации и домови во Скопје открија група од тројца осомничени кои спремале одмазда. Ова го потврди единицата за насилен тероризам и екстремизам која заедно со обвинителството за гонење на организиран криминал се сомнева дека уапсените организирале одмазда за своите браќа кои лани беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“.
При претресите вчера се пронајдени и и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, муниција од различен вид и калибар и мобилни телефони.
Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Постојат сомневања дека се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство и дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.
Крривична пријава е поднесена против Б.Д.(33), М.Д.(29) и С.Е. (25), сите од Скопје,и тоа за сторени кривични дела „злосторничко здружување“,и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Тројцата осомничени одмаздата ја спремале за своите четворица браќа кои лани беа осудени на затворски казни од 2 до 7 години.
Сега и за тројцата осомничени е предложена и прифатена мерка притвор во траењ од 30 денови.
Во претходната акција на пет локации во Скопје и Гостивар беа пронајдени оружје, телефони и компјутери како доказ дека на групи на социјалната мрежа Телеграм осудените споделувале преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови. Ќелијата беше разбиена а четворицата припадници осудени.
Билјана Николовска
