Вести Македонија

Град Скопје блокирал илјадници сметки за неплатен данок на имот

Град Скопје блокираше речиси 18 илјади сметки на физички и правни лица поради неплатен данок на имот за 2021 година, во вкупен износ од 1,3 милиони евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој упати апел до граѓаните и компаниите во наредните 15 дена да ги подмират обврските за данок на имот за периодот од 2022 до 2025 година, предупредувајќи дека мерките ќе продолжат.

Според податоците, 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти му должат на градот околу 19,5 милиони евра.

Ѓорѓиевски истакна дека наплатата е клучна за реализација на инфраструктурни проекти, јавни услуги и подобрување на квалитетот на живот во Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за 2-годишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе