Вести Свет Топ вести

Во четврток истекува „нов СТАРТ“ – ќе има ли нова трка во нуклеарно вооружување меѓу САД и Русија?

Последниот договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија истекува утре, зголемувајќи ги стравувањето од нова трка во вооружување на двете држави.

Договорот за намалување на стратешкото оружје, познат како „нов СТАРТ“ беше потпишан во 2010-та година и беше еден од неколкуте договори чија цел беше да се спречи можноста од катастрофална нуклеарна војна.

Овој договор го ограничи бројот на распоредени нуклеарни боеви глави на двете страни на 1 550 а исто така воспостави и одредени мерки на транспарентност, вклучувајќи и трансфер на податоци, систем на известување и инспекции на одредени локации.

Истекувањето на овој договор ефективно ќе стави крај на контролата на вооружувањето меѓу Вашингтон и Москва, со кој беше ставен крај на Студената војната меѓу САД и Русија.

Папата Лав денеска апелираше до двете држави да го обноват договорот, оценувајќи дека актуелната ситуација во светот бара од нив да направат сѐ што е во нивна моќ за да ја избегнат новата трка во вооружување.

Првиот договор СТАРТ беше потпишан 1991-та година од САД и поранешниот Советски Сојуз и со него им се забрани на двете земји потписнички да распоредат повеќе од 6 000 нуклеарни боеви глави.

Подоцна, договорот беше заменет со новиот СТАРТ потпишан во 2010-та година во Прага од САД и Русија, земја наследник на нуклеарниот арсенал на Советскиот Сојуз.

Иако Русија го суспендираше договорот пред три години додека растеа тензиите заради војната во Украина, се претпоставуваше дека двете земји сѐ уште се придржуваа до овој договор.

Со него се спречуваше неконтролираното зголемување на нуклеарниот арсенал и двете земји со најголем број нуклеарни проектили имаа на располагање и мерки на транспарентност, кои ја намалуваа опасноста погрешно да ги протолкуваат меѓусебните намери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе