Вести Македонија Топ вести

Царинската управа лани поднела вкупно 213 кривични пријави, утврдена штета врз буџетот од 102 милиона денари

Минатата година се поднесени вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното јавно обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пришто во 196 случаи е утврдена штета врз буџетот од 102 милиона денари, соопшти денеска Царинската управа.

Од таму соопштуваат дека бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно во споредба со 2024 година кога бeа поднесени 91 кривична пријава, при што најголем дел од поднесените кривични пријави, дури 80 проценти, беше евидентиран од октомври.

Од Царинската управа појаснуваат дека за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги се спроведени истраги и поднесени се седум кривични пријави, за шверцување 40 кривични пријави, за царинска измама 39 кривични пријави, за фалсификување исправа 85 кривични пријави, а за недозволено тргување со оружје поднесени се седум кривични пријави.

„Поднесени се и кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувањето, вршење меѓународен јавен превоз без поседување лиценца, како и за избегнување плаќање акциза. Дури 103 од поднесените кривични пријави се поднесени за сторени кривични дела со 232 возила“, информираат од Царинската управа.

Од таму истакнуваат дека во текот на предистражните дејства од страна на службата против економски криминал при проверка на докази за потекло до странски служби испратени се 450 барања, при што во 223 случаи е утврдено дека доказите за потекло се невалидни.

„Со странски служби извршени се и 71 проверка на увозни фактури. Дополнително, од страна на службата за финансиски истраги отворени се 15 финансиски истраги против 19 физички и девет правни лица, при што целта е детекција и конфискација на нелегално стекнат имот, а со тоа и дестабилизација на криминалните групи“, велат од Царина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе