Вести Македонија Топ вести

Бараат да возат без возачка или да полагаат под посебни услови оти немале образование – револт поради одземени возила, протести и блокади низ Македонија

Најпрво го блокираа сообраќајот на обиколницата Ресен – Битола, која минува низ дивата ромска населба, каде на коловозот запалија оган од гуми, при што се ширеше густ чад, а на патот имаше расфрлано ѓубре и стакла. Потоа, со зурли и тапани, протестот го продолжија пред Основниот суд во Битола.

Вака поголема група битолски Роми синоќа изразија револт, откако полицијата им ги одзеде возилата, затоа што ги управуваа без возачка дозвола. Упатија жестоки закани и побараа или да им се дозволи да возат без возачка дозвола, или надлежните да им овозможат полагање под посебни услови оти немале соодветен степен на образование.

„Владата да ни помогне да извадиме возачки дозволи. Ако треба ќе платиме. Немаме школо, ама нека седи инструктор со мене, ќе возам јас. Ако возам брзо или неправилно, слободно нека ми каже: за тебе нема возачка“, рече еден од жителите на битолски Баир, кои поради одземените возила вечерва се собраа на протест пред Основниот суд и Општина Битола.

„Ги сакаме правилата како што си беа, сиромаштијата како што си ја тераме. Без возачки, со регистрирани коли, сакаме тоа истото да ни го продолжат“, рече друг. 

Поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, покрај блокадата на патот Битола – Ресен, незадоволните палеа гуми на улица и во Штип, во Кочани, во Струмица, а на некои места интервенираше и противпожарната служба.

„Бараа колите да ги регистрираме, ете ги регистрираме. Сега бараат возачка дозвола. Кај да најдеме возачка дозвола? – Школо нема никакво. Каква е ова правда? Секој ден ќе има протести во сите градови низ Македонија“, рече една жителка.

Од МВР вчера информираа дека се лишени од слобода осум возачи во Велес, во Делчево, во Скопје, во Битола и во Прилеп, кои управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола, а возилата им се одземени.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе