Вести Македонија Топ вести

Контроверзното „Ауди“ на Општина Струга оди на продажба

Контроверзното „Ауди А6“ кое го набави поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко пред осум години, оди на продажба. Луксузниот автомобил во 2018 година беше купен за 67.000 евра.

Новиот градоначалник на Струга, Менди Ќура, во јануари поднел барање до Општинскиот совет да донесе одлука за продажба на општинското „Ауди“.

„Градоначалникот во текот на целиот мандат ќе го користи своето приватно возило, при што сите трошоци ќе ги покрива лично, без оптоварување на буџетот на Општина Струга“, одговорија од Општина Струга на прашањето на Телма зошто се продава општинското „Ауди А6“.

На седницата одржана на 28 јануари, советниците ја изгласаа одлуката за продажба по пат на електронско јавно наддавање, но почетната цена на општинското „Ауди“ допрва ќе ја утврдува Комисија за проценка.

„Следниот чекор е формирање на Комисија за проценка, која ќе ја утврди почетната цена. По завршувањето на проценката од страна на Комисијата, ќе биде објавена јавна лицитација, за што ќе следи  известување“, велат од Општина Струга.

За набавката на ова возило против Мерко беше покренато обвинение за злоупотреба на службената положба, но Основниот суд во Струга го ослободи од вина. Заедно со автомобилот „Ауди А6“ беа набавени уште четири други возила, но засега на продажба оди само возилото кое предизвика лавина реакции во јавноста, бидејќи беше набавено во време кога  Општина Струга се соочуваше со сериозни финансиски проблеми и работеше со блокирана сметка.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе