Вести Македонија Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ освоија четири медали на Гран При Риека

Со по еден златен и сребрен, како и два бронзени медали, се закитија каратистите на „Макпетрол“ на интернационалниот турнир „Гранд при Кроација“. На турнирот во хрватскиот град Риека настапија 1.270 каратисти со 1.571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клубови.

Данило Божовиќ (-84 кг.) освои злато одличје во сениорска конкуренција. Јована Мицовска (У21, -61 кг) се избори за сребро, додека Стефан Стојановиќ (+84 кг.) се закити со бронза. Исто признание доби и Мицовска, но во сениорска конкуренција во категоријата до 61 килограм. Викторија Јовановска се пласира на петтата позиција.

Во сениорското финале, исто како и на последното Балканското првенство, се сретнаа Божовиќ и Реџеп Рушити. Победата со резултат 2-0 повторно му припадна на каратистот на скопски „Макептрол“. Кај постарите јуниорки (У21) Јована Мицовска во борбата за златниот медал загуби од Амира Абулибде од Бугарија.

– Годината ја започнавме со втора активност од самиот старт. Минатата недела истиот состав учествуваше на Светска лига во Грузија, Тбилиси, за веднаш следниов викенд да настапиме на најсилниот европски турнир „Кроација Гранд При“ во Риека. За нас како клуб најважно беше да ја провериме и да ја темпираме формата на нашите репрезентативци. Тие на почетокот на февруари ќе заминат на Европско првенство во Лимасол, Кипар. Задоволни сме од прикажаните борби, сега останува да поправиме уште некој елементи и подготвени да заминеме на европското првенство, изјави тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе