Вести Економија Топ вести

ССМ неделава одлучува за стартот на протести и блокади

Протести, блокади и генерален штрајк. Ова се следните чекори кои ги најави ССМ откако не го добија бараното зголемување на минималецот. Во среда ќе заседаваат највисоките органи на ССМ каде се очекува да се потврди одлуката а на улица ќе се излезе до крајот на месецот. Од Владата се држат по страна и чекаат да се договорат работодавачите и ССМ откако вториот синдикат КСС соопшти дека е на став зголемувањето на минималецот да биде согласно законот.

ССМ ќе одговорат на како што велат „непријатната новогодишна честитка“ од Владата со протести на улица. Договор со Владата и работодавачите околу минималецот нема и се поизвесно е дека ќе се покачи според постоечката формула за околу 1.700 денари и ќе биде најнизок во регионот.

Највисоките органи на ССМ и гранковите синдикати во среда имаат состанок на кој повеќе од извесно е дека ќе утврдат следните чекори и најавените протести.

  • „ССМ во среда има седница на највисоките органи и тела во проширен состав, не на ССМ туку и на гранските синдикати на која ќе се дискутира за ваквата ситуација во Македонија со работничките плати и ќе се донесат соодветни одлуки кои согласно закон мораме да ги донесеме да зад може да ги повикаме работниците на улица“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Анкетата на ССМ покажа дека речиси половина од работниците сметаат дека минималецот треба да изнесува 600 евра бидејќи сумата од 500 евра одамна не ги покрива основните трошоци.

  • „Според анкетата која ја спроведовме пред крајот на минатата година работниците во 99,5 проценти се подготвени да излезат и да не поддржат на протестите односно да се поддржат самите себе си бидејќи се оставени самите да се снаоѓаат и да преживуваат. Ниту Владата ниту работодавачите водат грижа за нив. Протестите не е исклучено да прераснат во генерален штрајк а не е исклучено и да има блокади на главниот град за да се изрази работничкото незадоволство“ – вели претседателот на ССМ.

Од ССМ го истакнуваат разочарувањето од непостоењето на социјалниот дијалог и блокадата на работењето на Економско социјалниот совет. Владата останува да се држи по страна и повторува дека ќе поддржи било каков договор меѓу синдикатите и работодавачите додека вториот синдикат во Советот – КСС е на став дека минималецот треба да се покачи согласно законската формула односно за 1.700 денари.

Само Косово, од земјите во регионот, во новата година влезе со пониска минимална плата од Македонија. Највисоки минимални плати во регионот се добиваат во Црна Гора, каде што е 600 евра. Во Србија, минималната плата се движи од 505 до 580 евра во зависност од тоа колку работни часа има месецот. Во Федерацијата БиХ во Босна и Херцеговина, минималната плата е 525 евра, а во Република Српска 511 евра. Во Албанија, од Нова година минималната плата е 444 евра, во Македонија е 397 евра, а во Косово 384 евра.

Податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) покажуваат дека повеќе од 16.000 работници примаат нето-плата заедно со додатоци до 23.000 денари.

Дури 365 илјади вработени се во рангот од 23.000 до 45.000 денари а плата од 45 до 61 илјада денари примаат околу 82.000 лица. Над 1.000 евра плата примаат околу 56.000 лица во Македонија.

Според пресметките на синдикатите, на едно четиричлено работничко семејство му се потребни над две и пол минимални плати за да ја покрие минимална синдикална кошничка додека еден функционер  со својата плата може да си дозволи до 2,5 такви минимални кошници.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе