За време на вчерашното реми со Португалија на Европското ракометно првенство, македонската репрезентација остана без двете леви крила поради повреди. Селекторот Кирил Лазаров принудно мораше да реагира и да повика нов играч, кој не беше со тимот за време на подготовките.
Гоце Ојлески од тимот на Охрид од денеска е со македонската ракометна репрезентација и ќе му биде на располагање на селекторото Кирил Лазаров за последниот дуел на Европското првенство со Романија што се игра утре. Искусното лево крило доби дополнителен повик поради повредите на Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов.
Ојлески е во тренажен процес, бидејќи беше на подготовки со својот клуб Охрид и веќе одигра неколку пријателски натпревари. Тој беше на поширокиот список на репрезентацијата, а потоа го имаше и статусот на резерва.
Атанасијевиќ отпаѓа од комбинација за дуелот со Романија, а дополнително ќе се знае состојбата на Џонов, па стручниот штаб утре пред натпреварот ќе одлучи дали ќе го вклучи во составот.
