Македонскиот голман Мартин Томовски вчера имаше одличен настап против Португалија во 2.коло на Европското ракометно првенство. Со неговите одбрани го инспирираше тимот да се врати од негатива од пет голови разлика, а секако беше и најзаслужен за ремито, бидејќи имаше две неверојатни интервенции во последните секунди од средбата.
Неговата последна одбрана на натпреварот се најде меѓу најдобрите пет во изборот на ЕХФ за вчерашниот ден на Континенталниот турнир. Интервенцијата, што на Македонија ѝ донесе бод против фаворизираниот ривал е на 3.место на топ-листата.
