Над пет милиони килограми мазут од државните резерви побарале ЕСМ со кризната состојба. Ова е половина од вкупните количини кои биле во складиштата.
Од Државните електрани уверуваат дека овие количини ќе се употребуваат само во случај кога нема да можат да го добијат потребниот енергенс.
Тврдат дека во моментов морале да побараат да се прогласи кризна состојба и дека немале друга опција, затоа што не биле во можност да ги наполнат сопствените резерви.
- Законски ние не можеме да побараме ниту да добиеме повеќе од 50 проценти од тековните резерви со кои располагање државата. Од вкупни 10, 5 милиони килограми колку што во тој момент имаше во државните резерви побаравме и добивме 50 проценти односно 5, 2 милиони килограми мазут. Не беа парите во прашање во конкретниот случај, да добре дојдено ни се тие количини но исклучиво само во насока на континуитет на производствениот процес, вели Лазо Узунчев – генерален директор на АД ЕСМ
Годишните количини кои што се трошат за мазут се околу 40 до 50 илјади тони и најчесто се троши за производство на струја во зимските месеци кога јагленот е влажен. Од ЕСМ уверуваа дека се прават и контроли што се внесува во земјава и за сега немало спорни набавки.
Пред Нова година од ЕСМ побараа државата да прогласи кризна состојба со образложение дека поради блокадите од страна на грчките земјоделци и санкциите имаат потешкотии да дојдат до потребниот мазут кој се употребува во мали количини за производство на струја за да се зголеми калоричната вредност на јагленот.
Кризната состојба беше прогласена во рок до 7 дена. Мазутот ЕСМ може да го користи без надоместок, а до Владата и министерството за финансии ќе има обврска да доставува извештаи.
ЕСМ алармира за кризна состојба, тешко оди набавката на мазут и јаглен од Грција поради блокадите
Од Електрани тогаш уверуваа дека проблеми со снабдувањето со струја нема да има. Инаку, ЕСМ следната година планира да произведе нешто над 4.300 гигават часови и за ова прогнозите беа слични, но бројките за произведената електрична енергија до домашните централи стигнаа до 3600 гигават часови.
Ирена Чачкова
Б.С.
