Вести Економија Македонија Топ вести

Договорот за изградба на градинки во ТИРЗ зоните, тежок 29 милиони евра, спорен за ревизорите

Државните ревизори се сомневаат во начинот на кој Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони го реализириала тендерот тежок скоро 29 милиони евра за изградба на детски градинки, абмуланта, складишта и објекти за времено сместување. Во најновиот извештај за работата на ТИРЗ сметаат дека најголемиот тендер е спроведен без да се процени реалната вредност потребна за изградба на објектите.

„Со ревизијата е утврдено дека набавката била планирана и спроведена без претходна анализа на трошоци и придобивки, без физибилити студија за економската оправданост и без изработена проектна документација со предмер и пресметки, иако станува збор за исклучително голема и комплексна капитална инвестиција. Притоа не била искористена законската можност за технички дијалог со економските оператори, ниту постапката е спроведена како делива набавка и покрај различните видови објекти и локации“, стои во Ревизорскиот извешај.

Според јавните податоци овој тендер го добила битолската фирма Стентон градба, но ревизорите утврдиле дека не се утврдени начините на кои ќе се плаќа проектот и според нив ова е финансиски ризик за ТИРЗ. Потпис на ваквиот договор ставил поранешниот директор на ТИРЗ Јово Деспотовски кој е под истрага на обвинителстовто откако Финансиската полиција поднесе кривична пријава против него. Со промената на раководството е побарано спогодбено раскинување на договорот, а таквата информација е доставена до Владата. Но уште во 2023 година пари од ТИРЗ сепак легнале на сметка на фирмата, утврдиле ревизорите.

„За реализација на договорот на крајот на 2023 година бил исплатен аванс од 20% од договорната вредност од 4.910.569 евра. Исто така, утврдени се и слабости во реализацијата на договорот“, стои во Ревизорскиот извешај.

Ревизорите откриле неправилности и за тендерот за изградбата на административен објект во ТИРЗ Штип во декември 2022 година кој е склучен на околу 3 и пол милиони евра. Бил склучен анекс за непредвидени работи поради непрецизна документација. Ревизорите се сомневаат во потребата од уште два договори за консултантски услуги и за промоција на странски директни инвестиции, маркетинг и изработка на промотивни материјали. Во ревизијата пишува и дека осум од вкупно 16 индустриски зони не се ставени во функција.

Билјана Николовска Тодорова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе