Вести Економија Топ вести

Кој ќе ја заузда инфлацијата, по НБРМ, економистите чекаат владини мерки

Народната банка направи чекор, на ред се Владата со мерки да и се спротистави на  инфлацијата. Ова е коментарот на дел од познавачите по објавата на статистика дека 2025 година се заврши со стапка на инфлација од 4, 1 отсто. Од  бројката не се изненадени. Но, сметаат дека по промените кај благајничките записи кои ги направи НБРМ, а од кои многу зависи колку пари од банките ќе завршат во кредити и како се движи инфлацијата, сега Владата треба да се насочи кон решавање на проблемите со цените, особено кај храната во време на вакви геополитички случувања.

Монетарната политика прави се што е во нејзина моќ, сега фокусот треба да биде повеќе на  Владата преку мерки за стабилизирање на макроекономските основи на државата пред се во делот на поддршка на домашните  инвестиции и на извозните компании. Тука мора сериозно да се реагира особено во делот на мерките на сибам кои се неповолни и можат лошо да ја погодат домашната економија, а со тоа дополнително да се наруши домашната економска  стабилност. Фокусот не е на монетарната политика, сега туку повеќе ќе биде на активностите и  мерките кои ги презема Владата, изјави универзитетскиот професор Зоран Ивановски 

Токму за зголемување на поддршката на домашните инвестиции, на извозниците, Ивановски смета дека ќе помогнат новите седумдневни благајнички записи, на НБРМ. Со овој продукт банките повеќе ќе пласираат кредити, наместо парите да ги чуваат кај Централната банка поради помалата камата. Но, тоа отвори прашањето дали со новиот механизам ќе се релаксира монетарната политика во услови на инфлација од 4 отсто и раст на кредитирањето на годишно ниво од скоро 13 отсто и дали тоа може дополнително да биде проблем за инфлацијата.

-Поддршката на растот е можна преку домашните инвестиции уште еден аргумент кој оди во прилог на мотивирањето на домашните инвестиции да бидат поголеми во овој период бидејќи Македонија нема друг избор освен подинамични стапки на економски раст ако сакаме на крај сите да осетиме подобар животен стандард, додава Ивановски. 

Според, статистиката, за една година храната и пијалаците поскапеле за 5, 2 отсто, кај рестораните и хотелите е нешто над 7 отсто, а цените во кафеаните се зголемиле за 4, 8 проценти.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе